Ѕвездите на младата фудбалска репрезентација на Италија, Mоис Кин и Николо Заниоло се исфрлени од селекција за последниот меч од групната фаза на Европското првенство У-21 што се одржува во Италија и Сан Марино.
Италија вечерашниот меч против Белгија (на полувреме Италија води 1-0) го игра без овие двајца фудбалери затоа што селекторот Луиџи ди Бјаџо ги казнил поради доцнење.
Сеуште не е познато дали двоецот на „азурите“ ќе биде во составот доколку Италија ја помине групната фаза.
Кин и Заниоло се цимери, па најверојатно претерале со забавата, ја нарушиле дисциплината и затоа се казнети.