Капитенот на фудбалската репрезентација на Перу, Паоло Гуереро, доби 30-дневна суспензија поради „ненормалните“ резултати на допонг тестот кој му бил направен по завршувањето на квалификацискиот натпревар против Аргентина одигран на полетокот на октомври.
„Претседателот на Дисциплинската комисија на ФИФА не извести дека Гуереро привремено е суспендиран. Моменталната ситуација е таква. Неговиот тест покажува ненормална количина на стимулативно сретство. Во овој момент тој не се води како позитивен на допинг“, објави Фудбалскиот сојуз на Перу.
Привремената суспензија значи дека Перу без својот капитен ќе ги игра двата бараж натревари против Нов Зелнад за пласман на Светското првенство во Русија.
Баражите на програмата се на 11 и 15 ноември.