Top Sport

Поради паста за заби го пропушта првиот меч

Утре по пауза од два месеци ќе продолжи сезоната во Бундеслигата. Фудбалерите на Аугсбург ќе играат против Волфсбург. На овој меч требаше да дебитира новиот тренер Хајко Херлих, меѓутоа тој нема да седи на клуапта на Аугсбург поради глупава грешка.

Херлих ги прекршил правилата за карантин, излегол од хотелот за да купи паста за заби.

„Згрешив. Сакав да купам паста за заби и крем за тело“, рекол Херлих.

Поради ова тој ќе мора да биде во замоизолација.

„Сега нема да можам да го водам тренингот пред натпреварот и нема да го водам тимот против Волфсбург“.

Хајко Херлих на 10 март го наследи на клупата на Аугсбург Мартин Шмит. Неколку дена по промцијата Бундеслигата беше прекината така што тој требаше да дебитира против Волфсбург.

Scroll to Top