Top Sport

Поради Перез, Роналдо не се појавил во Монте Карло

Кристијано Роналдо му бил лут на претседателот на реал, Флорентино Перез и поради тоа, во четвртокот, не се појавил во Монте Карло, на церемонијата на која УЕФА ги прогласи најдобрите во Лигата на шампионите.

Трофејот за играч на сезоната му припадна на Лука Модриќ, а покрај Хрватот и Роналдо во конкуренција беше и Мохамед Салах од Ливерпул. Роналдо очекувал дека тој ќе ја добие наградата, бидејќи минатата сезона со 15 гола на 12 натпревари го предводеше Реал до титулата во Лигата на шампионите.

Денес, медиумите во Италија објавија дека Португалецот наслушнал, дека Перез вршел притисок во УЕФА, наградата да ја однесе Модриќ.

„Зошто Роналдо не се појави? Тој си знае, морате него да го прашате. Ние очекувавме дека ќе дојде. Неколку часа пред почетокот на церемонијата од Јувентус не известија дека нема да дојде. Ќе кажам само дека гласа 55 новинари и 80 тренери, тие решија каде ќе заврши наградата. Можеби Роналдо имал некоја друга причина што не се појави“, рекол првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Вистината, зошто Роналдо решил да не се појави во Монте Крло, веројатно никогаш нема да биде откриена, единствено е познато дека тој во последен момент ја сменил одлуката, бидејќи приватен авион го чекал да го префрли во Монте Карло.

Scroll to Top