Навивачите на Фиорентина имаат нов омразен лик. Тоа е Федерико Кијеза кој вчера го напушти клубот и се пресели во Јувентус.
Оваа сезона Кијеза ќе настапува како позајмен играч во Јувентус, а доколку „страта дама“ реши по завршувањето на сезоната да го откупи неговиот договор, целата вредност ба трансферот ќе изнесува 50.000.000 евра.
Откако трансферот беше и официјално потврден од двете страни, на една зграда во Фиренца се појави транспарент на незадоволните навивачи.
„Ги предаде оние кои те пораснаа и штитеа, тоа е непочитување. Фиренца не е твој дом“.
Кијеза за Фиорентина одиграл 153 натпревари, постигнал 34 гола и забележал 25 асистенции.