Top Sport

Поранешен чешки репрезентативец ќе заврши зад решетки

Поранешниот репрезентативец на Чешка, Тпмаш Репка, во четвртокот, поради измама бил осуден на 15-месечна затворска казна.

Окружниот суд во Прага го прогласил за виновен 45-годишниот фудбалер бидејќи на една жена и продал луксузен автомобил кој не бил негова сопственост. Поранешниот играч на Вест Хем и Фиорентина автомобилот што го продал го изнајмувал.

Во договорот што го потпишале двете страни Репка се обврзал да ги врати парите доколку измамената жена не стане сопственик на автомобилот. Случајт завршил на суд бидејќи репка не ги вратил парите.

Адвокатот на Репка, но и државниот обвинител најавиле дека ќе ја обжалат пресудата.

Оа не е прв пат Репка да има проблеми со законот. Минатата година тој бил осуден на шест месечна затворска казна, откако на интернет продавал сексуални услуги во име на својата поранешна сопруга. Подоцна затворската казна му била сменета со општествено корисна работа.

Исто така тој два пати условно бил осудуван поради возење во алкохолизирана состојба.

Scroll to Top