Top Sport

Поранешен играч на Евертон потпиша договор со Шкупи

Фудбалскиот клуб Шкупи потпиша договор со 35-годишниот Магаје Гуеј, поранешен младински репрезентативец на Франција и сениорски репрезентативец на Сенегал.

Геје, во кариерата има искуство во најсилната лига во светот, Премиер лигата. Бил член на Евертон од 2010 до 2014 година. Во Премиер лигата одиграл 24 натпревари, пред да се пресели во Милвол во Чемпионшип.

Кариерата ја започнал во Стразбур, бил играч и на Брест, односно турските тимови Аданаспор и Османлиспор, азербејџанскиот Карабаг, романскиот Динамо Букурешт…

Единствениот проблем на Гује е што е без клуб од 2022 година.

Фото/ facebook.com/fcshkupi1927

Scroll to Top