Top Sport

Поранешен италијански репрезентативец: „Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Италијанскиот фудбалер Даниел Освалдо имаше богата кариера. Поранешниот италијански репрезентативец има три деца со две сопруги, а неодамна беше објавено дека е во врска со ќерката на Диего Марадона. Уште во играчките денови важеше за голем заводник, позитивната енергија и доброто расположение го направија омилен меѓу соиграчите. Сега тие денови се далеку зад него.

Играше за бројни италијански клубови во Серија А, а играше и за Еспањол, Саутемптон и Порто.

Во кариерата заработи околу 11 милиони евра, а на Инстаграм зборуваше за психичките проблеми со кои се справува.

„Не ми оди добро, чувствувам потреба да кажам дека некое време се борам со депресија, која ме доведе до некои зависности, алкохол и дрога. Очаен сум. Чувствувам дека животот ми излегува на контрола.Јас сум на психијатриско лекување, пијам лекови. Имам специфична болест,губам самопочит, имам депресија и често запаѓам во зависност. Запаѓам во самоуништување и живеам затворен во куќата. Не одам никаде, не ми е грижа да станам од кревет, излегувам од собата само кога треба да јадам. Западнав во многу тешка зависност што само ми ја влоши депресијата“, објави Освалдо.

Тој е роден во Аргентина, но ја напуштил родната земја во 2005 година.

Scroll to Top