Поранешниот напаѓач на Арсенал, Џереми Алиадер откри дека го убедил младиот француски играч Матео Гендози да ги одбие Париз Сен Жермен и Борусија Дортмунд, и да им се приклучи на “Топџиите“.
Алиадер, кој беше дел од познатиот “непобедлив“ тим на Арсенал од сезоната 2003-04, играше заедно со Гендози во францускиот тим Лориен во текот на сезоната 2016-17.
Деветнаесетгодишниот играч дојде на Емирати од француската втора лига, во трансфер вреден 7 милиони фунти, и тој брзо стана дел од првиот тим на новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери.
Гендози го започна секој од првите четири натпревари на Емери во Премиер лигата, добивајќи пофалби од голем број на поранешни професионалци, како и самиот шпански тренер, за начинот на кој брзо се присоби на фудбалот во Премиер лигата.