Top Sport

Поранешен словенечки репрезентативец пронајден мртов

Поранешниот словенечки фудбалски репрезентативец Горан Санковиќ е пронајден мртов, соопшти полицијата. 43-годишниот Санковиќ бил пријавен за исчезнат во петокот наутро по што полицијата веднаш почнала потрага која траеше речиси два дена.

Полициската управа од Целје доцна синоќа го пронашла телото на поранешниот фудбалер. Засега нема детали околу исчезнувањето и смртта на Санковиќ.

Поранешниот фудбалер ја почна кариерата во Целје во 1996 година, по што играше за Славија Прага, Акратитос и Паниониос, а беше член и на генерацијата на Словенија која во 2002 година заигра на Мундијалот.

Scroll to Top