Според британскиот весник „Дејли мејл“, рускиот претседател Владимир Путин ја задолжил Федералната служба за безбедност (ФСБ), или поранешната КГБ, да биде одговорна за безбедноста на Светското првенство следната година.
Руските хулигани се озогласени, а посебно беа присутни на претходното Европско првенство во Франција, каде што пред дуелот со Англија направија безредија познати како „Битката за Марсеј“.
Путин и руските власти дефинитивно не сакаат да се повтори тоа на стадионите низ Русија за време на Мундијалот, и затоа го задолжил Александер Бортников, шефот на ФСБ да направи пристап на „нула толеранција“, каде што дури и препродавачите на билети би добиле затворски казни од 8 до 15 години.
Според лидерот на руските навивачи, Александер Шпригин, ФСБ веќе почнале со поход против хулиганите, што значи дека барем руските навивачи ќе внимаваат што прават за време на првенството.
Пред два месеци, заменикот полициски шеф на Москва, Андреј Захаров најави дека нема да се дозовлат проблеми.
„Во ред е да се пие алкохол, доколку не го нарушувате јавниот ред. Ако постои такво нешто, полицијата ќе мора да интервенира“, вели Захаров.