Поранешниот директор на Јувентус, Џузепе Марота по осумгодишната соработка со шампионите ќе биде нов прв човек на италијанските ривали Интер, јавува порталот „Гол“.
61-годишниот Марота неодамна објави дека си заминува од Јувентус откако го предводеше до најуспешниот период во историјата на клубот, со седум титули во низа од Серија А и две финалиња од Лигата на шампионите. Марота влезе во конфликт со претседателот на Јуве, Андреа Ањели и тоа е главната причина за неговото заминување.
Се веруваше дека Манчестер јунајтед се заинтересирани за Марота, кого би го поставиле во позиција на спортски директор, но сега, наместо тоа тој би бил засилување за Интер. Генералниот директор Алесандро Антонело би останал задолжен за бизнис-страната на клубот, додека Марота би бил спортски директор. Оваа вест доаѓа откако младиот Стивен Жанг е именуван за претседател на клубот, како претседател на „Сунинг интернешнл“, кинеската компанија која го поседува Интер.
Интер во моментов се на третото место во Серија А, два поени зад Наполи и шест поени зад лидерите Јувентус.