Top Sport

Поранешниот напаѓач на Челси, Демба Ба замина во пензија

Поранешниот напаѓач на Челси, Сенегалецот Демба Ба објави дека заминува во пензија по 16-годишна професионална кариера, во која играше за 11 различни клубови.

Тој ја почна кариерата во францускиот четвролигашот Руен, по што играше во белгискиот Мускрон и во германскиот Хофенхајм, за во 2010/11 да премине во Вест хем јунајтед. Иако „чеканите“ испаднаа тој имаше одлични 7 гола во 12 меча, по што премина во Њукасл, за кои имаше 29 гола во сезона и пол, за во 2013 да замине во Челси, каде што остана само 18 месеци, во кои постигна 14 гола.

По ова следуваше преселба во турскиот Бешикташ, настапи во Кина, а од 2017 играше за Гозтепе, Шангај шенхуа и Башакшехир.

„Срцето ми е полно со благодарност што објавувам крај на мојата кариера. Имав прекрасен пат, а покрај солзите и потта, фудбалот ми даде многу прекрасни емоции – од бучавата на навивачите по секој гол, до поврзаноста со играчите на теренот“, вели 36-годишниот Ба.

Scroll to Top