Поранешниот премиерлигаш Ковентри сити беше предупреден дека му следува исфрлање од англиската Лига 1 (трета лига) доколку не објаснат каде планираат да играат следната сезона. Бордот на ЕФЛ бара од Ковентри да се изјасни до 5 март или да ризикува исфрлање од Лигата.
„Небесно сините“ во моментов играат на „Рикох арената“, која е во сопственост на рагби клубот Васпс, но договорот за изнајмување завршува во мај, а клубот одбива да преговара додека не заврши правниот случај околу продажбата на стадионот.
Ковентри, кои бркаат плеј-оф пласман за враќање во Чемпионшип, е еден од основачите на Премиер лигата во 1992 и имаа 34 сезони едноподруго во англиската елита пред испаѓањето во втора лига во 2001. По 11 сезони во Лига 1, тие испаднаа во трета лига во 2012 година, првпат од 1964 година, а во 2017 година испаднаа и во четвртата лига, пред по само една сезона да се вратат во Лига 1.
Од 1899 до 2005 година, тие играа на својот „Хајфилд роуд“ стадион, кој во 1981 година стана првиот стадион само со места за седење, а во 2005 година се отвори „Рикох арената“ со 32.000 седишта, која требаше да биде дом на клубот. Стадионот беше изграден со пари на локалната власт, пред рагби-клубот во 2014 година да го откупат стадионот.