Top Sport

Поранешниот талент на Барса, Бојан Кркиќ става крај на кариерата

Поранешниот талент на Барселона, напаѓачот Бојан Кркиќ утре се повлекува од светот на професионалниот фудбал, во посебна церемонија која ќе се оддржи на „Ноу Камп“.

Кркиќ, кој произлезе од „Ла масија“, славната фудбалска академија на Барселона, играше за каталонскиот гигант од 2007 до 2011 година, но не ги исполни големите очекувања, по што играше и за Рома, Милан, Ајакс, Стоук, Мајнц, Алавес и Монтреал.

Негов последен клуб беше Висел Коба, каде што играше последните две сезони покрај уште еден поранешен играч на Барселона, Андрес Иниеста.

Scroll to Top