Top Sport

Поранешните челници на Парма добија затворски казни

Судот во Парма им изрече затворски казни на поранешните челници на клубот од овој град Томасо Гирарди и Пјетро Леонарди. Гирарди е осуден на четири, а Леонарди на шест години затвор. Гирарди по излегувањето од затвор пет години нема да смее да обавува јавна функција, додека Леонарди доби доживотна забрана.

Томасо Гирарди и Пјетро Леонарди беа луѓето порадо Парма пропадна и мораше да се пресели во Серија Д. Тие двајца беа директно одговорини за банкротот на клубот.

Парма во 2014 имаше одлична сезона, успеа да избори место во европските купови, но без Европа останаа поради непочитувањето на финансискиот фер-плеј. Набргу потоа клубот прогласи банкрот поради долг од 200 милиони евра. Клубот само на фудбалерите им должеше преку 60 милиони евра.

Во тој период клубот мораше да ги продава дури и трофеите за да го санира долгот. Парма ги продаде на аукција пехарите освоени во Купот на УЕФА, Купот на победниците на куповите, Суперкупот на УЕФА, Купот на Италија.

Scroll to Top