Top Sport

Пораз на Челси од Кавасаки (Видео)

Челси со новиот менаџер Френк Лампард лошо стартуваше на турнејата по Азија. Во Јапонија „сините“ загубија од Кавасаки Фронтале со 1:0.

Натпреварот на стадионот во Јокохама, во финишот, го реши Бразилецот Леандро Дамјао. Дополнителна лоша вест за Лампард по овој натпревар е информацијата дека се повреди Бакајоко.

Дуелот со Кавасаки беше трет за Лампард како тренер на Челси. Во првиот меч „сините“ го совладаа Сен Патрик, а во вториот ремизираа со Бохемијанс.

Наредниот тест за Челси ќе биде Барселона, натпреварот се игра во вторник.

Scroll to Top