Top Sport

Порази за Ливерпул и Челси, посериозна повреда за Армандо Броја

Додека трае Мундијалот во Катар, англиските премиерлигаши со тест-натпревари ја оддржуваат формата на тие кои се останати во нивните клубови. На Ливерпул и Челси не им оди најдобро, исто како на Манчестер јунајтед (двапати беа поразени) откако двата клуба загубија во пријателски мечеви.

Ливерпул загуби со 1:3 од Лион, иако имаше рано водство, додека Челси беше поразен од Астон вила со 0:1, а покрај тоа го загуби и талентираниот албански напаѓач Армандо Броја со посериозна повреда на коленото. Единствениот гол на мечот го постигна Џон Мекгин по само седум минути игра.

Ливерпул, пак, поведоа уште во првата минута со голот на Фабио Карваљо, но откако Мо Салах утна пенал во 14. минута, Лион прво израмни преку Александер Лаказет во финишот на првото полувреме, пред Баркола и повторно Лаказет во второто да ја осигураат победат за францускиот тим.

Scroll to Top