Поразот на Реал од Мајорка на шпанските медиуми го искористија да упата низ критики з целиот тим, а особено за напаѓачот Лука Јовиќ. „Кралевите“ во летниот преоден рок издвоија 60 милиони евра за Јовиќа,а тој се уште нема постигнато гол на официјален натпревар.
Поради проблемите со повредените играчи Јовиќ го започна мечот на Балеарските острови заедно со Винисиус и Бензема во нападот. Но статистиката што ја имал е поразителна.
Јовиќ против Мајорка играл 66 минути, за тоа време само 25 пати ја допрел топката и речиси не влегол во шеснаесетникот на Мајорка.