Top Sport

Порденоне му врачи „отказ“ на клупскиот грб

Клубот што се натпреварува во италијанската Сероја Ц, Порденоне, стана вистински хит откако реши да го „отпушти“ клупскиот грб и да распише конкурс за избор на нов „плагијат“.

Порденоне, изминатите 13 години, имаше грб сличен на стариот грб на Јувентус.

Клубот од Серија Ц ја стресе Италија кога минатата година од натпреварите во Купот успеа да ги елиминира Венеција, Лече и Каљари.

По повод повлекувањето на грбот, клубот се огласи преку својата интернет страница.

„Претседателот Мауро Ловиса и целиот клуб му се заблагодаруваат на грбот на 13.години успешна соработка и искрена лојалност. Му посакуваме многу среќа во преселбата во новиот дом: црно-зелениот музеј. Исто така ветуваме дека секојдневно ќе го посетуваме“.

Веднаш по „отказот“, на социјалните мрежи клубот упати повик до навивачите да изберат нов грб од шест понудени опции.

Секој од потенцијалните грбови го има дизајнот на италијанските великани Интер, Рома, Наполи, Милан, Сампдорија и Јувентус.

Scroll to Top