Порто ја освои португалската Примеира лига во првата сезона под новиот тренер Сержо Консеисао, откако ремито без голови во градското дерби меѓу Спортинг и Бенфика ги заврши шансите на двата тима да ги стигнат големите ривали.
Со овој резултат, Спортинг и Бенфика се на четири поени зад Порто на еден меч пред крајот на сезоната, и во исто време се става крај на низата од четири титули на Бенфика.
The Porto squad celebrating the Primeira Liga title this evening pic.twitter.com/27gISFucYt
— Jan Hagen (@PortuBall) May 5, 2018
„Орлите“ се обидуваа да ги победат своите градски ривали во тешкиот меч, а Рафа Силва двапати ја погоди стативата во првото полувреме. Атмосферата на „Алваладе“ беше жестока, и мечот беше прекинат по три минути откако кон голманот на Спортинг, Руи Патрисио беа фрлени голем број на петарди.
Порто, кои денеска играат со Феиренсе имаат 82 поени во 32 натпревари, а Бенфика и Спортинг по 78 од 33 меча. Ова е 28. лигашка титула на Порто и прва од 2013 година.