Top Sport

Порто се засилува за ЛШ, Фелипе Андерсон се сели на „Драгао“

Фудбалерот на Вест Хем Фелипе Андерсон ќе се пресели во Порто, до крајот на сезоната тој ќе му биде отстапен на протугалскиот шампион. Преодниот рок во Португалија трае до 25 октомври.

Порто побрзаа да го договорат Андерсон бидејќи до вечерва мора да ги пријават играчите што ќе настапуваат во Лигата на шампионите.

Андресон во 2018 година за сума од 36 милиони фунти од Лацио се пресели во Вест Хем. Овој трансфер е најголем во историјата на Вест Хем.

Оваа сезона Андресон не настапи на ниту еден натпревар во Премиер лигата. Во кариерата за Вест Хем одиграл 72 натпревари, постигнал 12 голови и забележал исто толку асистенции.

Scroll to Top