Top Sport

Португалците не го признаваат рекордот на Меси

Лионел Меси во саботата против Реал Мадрид го постигна својот 526.гол во дресот на Барселона со што го надмина рекордот на Герд Милер според бројот на постигнати голови во дресот на еден клуб.

Меѓутоа овој рекорд на Аргентинецот го оспорија Португалците кои тврдат дека рекордер е некогашниот напаѓач на Спортинг Лисабон, Фернандо Пејротео.

Играчот кој во 30. и 40.години од минатиот век го носел дресот на Спортинг, како што тврдат Португалците, постигнал токму 526 гола и тоа на само 325 натпреари.

Тоа значи дека Пејротео до бројката која во саботата дојде Меси стигнал за 20.000 минути помалку минати на теренот.

Од Португалија тврдат дека проблемот е статистиката која во тоа време не била ниту приближно застапена како денес.

Португалците тврдат дека Пејротео во кариерата на 68 натпревари постигнал хет-трик, дека 33 пати постигнал четири гола на еден меч, а на дури 18 натпревари постигнувал повеќе од четири гола.

Во секој случај Меси наскоро ќе добие можност да го надмине и овој рекорд. Барселона на 7.јануари ќе го пречека Леванте во 18.коло во Ла Лига.

Scroll to Top