Фудбалската репрезентација на Португалија се наоѓа во Хрватска, каде утре во Сплит, против домашната селекција ќе игра во Лигата на нации. Хрватските медиуми пишуваат дека за капитенот на Португалија Кристијано Роналдо и неговите соиграчи, биле обезбедени екстремно мерки на обезбедување.
Од авионот, Роналдо, излегол последен, опкружен со четворица „бодигарди“.
Како дополнително обезбедеување на аеродромот во Сплит биле ангажирани и специјални. Поради коронавирусот, на членовите на португалскиот тим, никој не може да им се доближи на повеќе од 10 метри.
Исто така прозорците во хотелот морале да бидат облепени со хартија, за да не может репрезентативците на Портигалија да бидат фотографирани.