Португалија го освои 11. Европско првенство во футсал во Словенија, откако со 3:2 ги совладаа ибериските ривали Шпанија по продолжението. Ова е прва титула за Португалија, додека Шпанија одеше на рекордно осмо злато.
Ѕвездата Рикардињо беше избран за најдобар играч на турнирот, откако погоди во првата минута за 1:0, пред Толра да израмни на 1:1. Шпанија поведе преку Лино во 32. минута, по што Бруно Коељо ја враќа надежта на Португалците во 38. минута.
Рикардињо се повреди и не го заврши мечот, така што херој на шампионатот беше Коељо, кој постигна гол од пенал за голема титула. Бронзата отиде кај Русија, која со 1:0 го совлада Казахстан.