Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро преку сестрата на ЦР7, Катја Авеиро демантираше дека постои „конфликт“ со девојката на нејзиниот син, Георгина Родригез, откако португалските медиуми објавија дека двете не зборуваат, а Авеиро веќе не ја следи Родригез на Инстаграм.

Португалските медиуми тврдат дека Авеиро влегла во конфликт со Родригез додека двете биле со Роналдо во „изолација“ во Фуншал, на островот Мадеира, каде што дури седум недели беа заедно.

„Беше ненамерно, бидејќи не знам да го користам Инстаграм. Ако некого сум престанала да следам тоа е поради негрижа. Доста правите приказни, не сум свртела грб никому. Не сум дете да се карам на таков начин“, напиша Авеиро.

Португалскиот магазин „Видас“ тврди дека конфликтот започнал кога Роналдо со Георгина се вратил на својот роден остров по мозочниот удар на неговата мајка, и дека преселбата во изнајмена куќа била за да се спречи ескалација на конфликтот.

 

View this post on Instagram

 

New @aloyoga 🌸

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on