Top Sport

Тренерот на Рио Аве со голи раце се борел против вооружени разбојници

Неверојатна работа му се случила на поранешниот менаџер на Свонси и Шефилд Јунајтед, актуелиот тренер на португалски Рио Аве, Карлос Карвахал (54).

Тој е во болница и се опоравува по нападот во кој им се спротивставил на тројца разбојници, вооружени со ножеви, кои се обиделе да го ограбат.

Карвахал се враќал дома, во куќата во Брага доцна во ноќта откако неговиот клуб Рио Аве одигра нерешено против Маритимо. Тројцата напаѓачи го пречекале пред вратата.

Тренерот им се спротиставил.

„Мојот природен инстинкт беше да се борам со нов. Можеби тоа беше ризична одлука, но со помош на мојот син Жозе Карлос успеавме да се извлечеме од оваа ситуација. Имаме неколку исеченици и модринки, ама ништо сериозно“ – објасни Карвахал.

Напаѓачите се обиделе да ја ограбат неговата куќа, а сега со целата ситуација се занимава полицијата во Брага.
Карвахал се извлекол, а освен за тоа, може да биде радосен што неговиот Рио Аве е на шестото место во португалската прва лига, со само еден бод заостаток од местата кои водат во Европа.

Scroll to Top