Португалското обвинителство покрена истрага со која треба да утврди дали Бенфика пред две сезони со местенки ја освои шампионската титула.
Раководството на најтрофејниот клуб во Португалија со официјално соопштение се огради од сомнежите, а пишувањата на печатот ги етикетира како плод на „медиумски фикции“.
Обвинителството посебно ќе ја истражува минималната гостинска победа на Бенфика над Рио Аве во 31.коло, кое се одигра на 24.април 2016 година.
Според локалните медиуми доказите кои ги имаат обвинителите укажуваат дека Бенфика поткупила четворица играчи на Рио Аве. Со победата на тој дуел Бенфика се доближила до обрана на шампионската титула.
Голманот Касио, дефанзивците Марсело, Родерик Миранда и Наџак според медиумите се играчите кои примиле поткуп.
Истрагата продолжува, а обвинителството се сомнева и во регуларноста на натпреварот помеѓу Рио Аве и Фаиренсе кој заврши со резултат 2:1.