Top Sport

Последниот учесник на СП ќе биде познат на 14.јуни

Листата на учесници на СП во Катар ќе биде комплетирана на 14.јуни. ФИФА објави дека на овој ден Интерконтиненталниот бараж ќе го одиграат Костарика и Нов Зеланд.

Костарика во овој век не играше само на мундијалот во 2010 година во Јужна Африка, на СП дебитираа во 1990 година во Италија.

Нов Зеланд може да се пофали со две учества на СП, во 1982 во Шпанија и во 2010 во Јужна Африка.

Победникот на СП ќе се натпреварува во Е-групата со Шпанија, Германија и Јапонија.

Претходно, на 5.јуни, последната европска виза за Катар ќе ја обезбеди Велс или подобриот од дуелот Украина-Шкотска. На 5.јуни ќе се игра и баражот во Азија помеѓу Австралија и Обединетите Арапски Емирати. Победникот од овој меч, за место на СП ќе игра против Перу на 13.јуни.

Scroll to Top