Top Sport

Постигна гол против Македонија, па ги предупреди сите во Наполи

Полска синоќа ја победи Македонија со 2:0 и се пласираше на ЕУРО 2020. Стрелец на вториот гол за Полјаците беше Аркадијуш Милик во 80 минута. По мечот Милик ги предупредил луѓето во својот клуб, Наполи.

„Сметам дека треба да играм повеќе од 15 минути по натпревар, но повеќе ништо нема да кажам, ќе го разберат ова оние на кои им е упатено“, рекол Милик и дополнил.

„Голот што го постигнав против Македонијабеше многу важен. Левандовски одлично ме проигра, јас само требаше да погодам, тоа и го направив. Искрено, оваа победа ние важна, изборивме пласман на ЕП, сега сме мирни. Се надевам дека ќе добијам повеќе минути за да за можам да играм на Европското првенство“, истакнал 25 годишниот напаѓач.

Scroll to Top