Фудбалскиот клуб од Парагвај, Насионал Асунсион, постои 115 години, девет пати биле шампиони, играле финале во Копа Либертадорес во 2014 година, а сите успеси ги оствариле без да вложат пари во купување на фудбалери.
Овој клуб никогаш не платил обесштетување за играч во клупската историја, а тимот го составуваат од фудбалери што се продукт на нивната школа и од оние што можат да ги добијат како слободни играчи, откако ќе им истекнат договорите во претходните клубови.
Нивната „Ла Академија“ е ценета фудбалска школа, а токму од таму излегол и Арсенио Ерик, најдобриот парагвајски фудбалер на сите времиња.
Инаку, Насионал, шест од деветте титули освоиле до 1950 година од минатиот век, а откако пред по 63 години го прекинаа постот, во последната деценија три пати биле шампиони на Парагвај. Најголемиот клупски успех е финалето во Копа Либертадорес во 2014 година, кое на крајот им припадна на Сан Лоренцо.