Top Sport

Потер им кажал на Челси дека купуваат премногу играчи и дека Фернандез е преценет

Поранешниот менаџер на Челси, Греем Потер му соопштил на бордот на клубот дека Енцо Фернандез со сумата од 106 милиони фунти кои ја платија на Бенфика е „преценет“ и дека клубот носи премногу нови играчи, тврди „Гардијан“.

По јануарскиот преоден рок, Потер требал да работи со 30 играчи, нешто што создало големи главоболки во изборот на составот, но и незадоволство кај дел од играчите, на кои пред да бидат донесени им се ветувало дека ќе бидат „клучни играчи“ во новата ера. По ова и по низата лоши резултати, Потер доби отказ, а со Френк Лампард на клупата, „сините“ завршија на 12. место во крајно раочарувачка сезона.

„Гардијан“ исто така посочува дека главниот инвеститор во клубот и човекот кој ги носи сите главни одлуки, Тод Бели, сега се каел што не му дал дополнителна шанса на Потер да се донесе.

Сепак, Челси веќе го потврдија Маурисио Почетино како нов постојан менаџер на тимот и првата задача ќе му биде токму намалувањето на бројот на играчи во летниот преоден рок.

Scroll to Top