Top Sport

Потер, конечно, се налути: Немате поим што зборувате!

Менаџерот на Челси, Греем Потер ги отфрли тврдењата дека не се „лути“ доволно пред медиумите, бесно одговарајќи на прашањата на новинарите.

По 1:1 ремито со Вест хем, кога ВАР направи контроверзна одлука да не досуди пенал за играње со рака во финишот на мечот, Потер беше смирен пред новинарите, велејќи дека тоа е „фина одлука“, по што беше критикуван дека не покажува доволно страст во одбрана на својот клуб. Но, сега, тој, конечно се налути.

„Внимавам да не влегувам во дискусија преку медиумите. Секако, и јас се лутам, бидејќи сум човек, но тоа не е начинот на кој сакам да се однесувам. Имам одговорност кон Челси, кон фудбалот и на крајот кон самиот себеси да се однесувам на одреден начин. Ако си мислите од почетокот во деветтата лига во Англија до овој момент со Челси во Лигата на шампионите сум поминал без да се налутам, би кажал дека вие немате поим што зборувате. Ниту за фудбалот, ниту за било која друга работа“, вели Потер.

Scroll to Top