Греем Потер ја одбил понудата од Лестер да стане нивни нов менаџер, само еден ден откако доби отказ од Челси, тврдат британските медиуми.
Потер доби отказ во неделата по 2:0 поразот од Астон вила по кој Челси паднаа на 11. место на табелата во Премиерлигата, истиот ден кога Лестер се разделија со Брендан Роџерс. Сепак, според „Токспорт“, Потер решил да ја одбие понудата веднаш да се врати на работа, планирајќи мал одмор од фудбалот пред да ги разгледа своите следни опции.
Роџерс доби отказ по четири години на „Кинг пауер“, откако Лестер паднаа на 19. место во Премиерлигата со сериозни шанси за испаѓање, седум години откако станаа шампиони во лигата.