Top Sport

Потер се извини на навивачите на Брајтон

Новиот менаџер на Челси, Греем Потер напиша проштално писмо до фановите на неговиот поранешен клуб Брајтон, барајќи прошка за неговото заминување во богатиот лондонски клуб.

Потер беше потврден како нов менаџер на Челси во четвртокот, нешто повеќе од 24 часа откако тие го отпуштија Томас Тухел. Со репутација на тренер кој може да извлече максимум од своите фудбалери, тој ги предводеше Брајтон до 9. место минатата сезона, најдобар пласман во ерата на Премиерлигата. Последниот меч на Брајтон под Потер беше 5:2 победата над Лестер, која ги искачи на четвртото место на табелата, три поени пред Челси.

„Прифаќам дека за некои промените кои доаѓаат ненадејно во фудбалот се тешки за прифаќање. Можеби нема да ве убедам да ми простите за заминувањето, но би сакал барем да имам шанса да ви кажам благодарам. Се надевам дека ќе сфатите дека во овој дел од мојата кариера, чувствував дека морам да приатам нов предизвик. На последниот меч не знаев дека тоа ќе биде крај, но ако погледнеме наназад игравме многу добро. Имаше голема позитива околу стадионот. До мојот наследник, кој и да биде, ти кажувам честитам. Ќе работиш за голем клуб со фантастичен тим, со поддршка од претседателот и бордот и секако навивачите“, пишува Потер.

Scroll to Top