Почетокот на годината на фудбалскиот свет му донесе шокантна вест. Во авионска несреќа смртно страдаше Емилијано Сала. Авионот кој го превезувал фудбалерот од Нант до Кардиф поради лошото време се урна во каналот Ламанш.
Емилијано Сала не сакал да го напушти Нант за да се пресели во Кардиф. Ова го откриваат и разговорите што тој ги имал со член на семејството, а кои ексклузивно ги објави „Лекип“. Две недели пред несреќата, на 6 јануари, Сала рекол „му се лоши кога ќе го види претседателот на Нант, Валдемар Кита, бидејќи издејствувал добра цена и поради тоа ќе го договорил трансферот во Кардиф“.
„Му пратив порака на мојот менаџер Мајси Ендијае, тој ми кажа дека Франк Кита (синот на претседателот) му рекол дека сакаат да ме продадат, дека имале понуда од Кардиф. Преговарале да добијат многу пари. Тие сакале да одам таму. Точно е дека договорот е добар, но мене тоа не ме интересира, својата фудбалска иднина не ја гледам таму“, рекол Сала во пораката.
„Не сакам да разговарам со Кита, не сакам да го налутам. Ми се лоши кога ќе се сретнам со тој човек. Сака да ме продаде во Кардиф бидејќи договорил голема сума како обесштетување. Така стојат работите. Бара од мене да заминам, а не ме праша дали сакам да одам таму. Го интересираат само парите. Комплетен хаос. Не знам што да правам…Никој не се грижи за мене, на никого не му е гајле низ што морам да поминам“.
Емилијано Сала три и пол години го носеше дресот на Нант. Одиграл 133 натпревари и постигнал 48 гола.
Le 6 janvier, deux semaines avant sa disparition, Emiliano Sala s'adresse à un de ses proches via WhatsApp. L'attaquant argentin n'a pas encore signé à Cardiff.
Il nous a autorisé à utiliser ce document inédit et troublant. #lequipeENQUETE pic.twitter.com/YqDnXQGvfw
— la chaine L'Équipe (@lachainelequipe) May 22, 2019