Манчестер Јунајтед потврдија дека по завршувањето на сезоната Андер Ерера ќе го напушти клубот. Од претходно е познато дека Ерера, како слободен играч, ќе се пресели во ПСЖ.
Ерера во 2014 година стана играч на Манчестер Јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“ за неговите услуги пред пет години на Атлетик Билабо им плати 37 милиони евра.
„Ќе се сеќаван на секој од преку 100 натпревари што ги одиграв за клубот. Беше чест да се играза најголемиот клуб во Англија. Ви благодарам за петте неверојатни години“, напишал Ерера.
Андер Ерера кариерата ја започнал во 2011 година во Сарагоса, за Манчестер Јунајтед има одиграно 189 натпревари.