Top Sport

Повредата била сериозна, Умтити би можел да ја заврши кариерата

Шпанските медиуми, во средата, објавија дека францускиот репрезентативец од редовите на Барселона, Самјуел Умтити, има сериозни проблеми со повредата на коленото. Коментарите велат дека поради сериозноста на повредата тој би можел и да ја заври кариерата!

Умтити има 25 години, летово со Франција стана светски првак, а неговиот гол во полу-финалето против Белгија им овозможи на „триколорите“ да се борат за титулата.

Од почетокот на сезоната Умтити има проблеми со повредата, пропушти неколку натпревари, потоа се врати во тимот за дербито против Атлетико, на 24.ноември, што беше последен натпревар за него оваа година.

Барселона во соопштение информираше дека повредата на Умтити е сериозна и дека до 30.декември ќе се лечи во Катар. Потоа тој во Барселона ќе продолжи да се рехабилитира со конзервативни методи.

Умтити има хроничен проблем со рскавицата во коленото, поради што некои медиуми тврдат дека состојбата е толку сериозна што тој би можел да стави крај на кариерата.

Шпенците потсетија дека во минатото слични проблеми имал и легендарниот Карлес Пујол, поради што побргу од планираното ја завршил кариерата.

Умтити е играч на Барселона од јули 2016 година.

Scroll to Top