Она што изгледаше како сериозна повреда и фрактура на раката, на крајот испадна дека голманот на Тотенхем, Иго Љорис само го изместил лактот на раката, што се добри вести за него и тимот.
Љорис се повреди вчера, на почетокот на натпреварот против Брајтон. На прв поглед повредата на голманот делуваше ужасно, но од Тотенхем објавија дека не станува збор за фрактура.
Инаку, Љорис на носилки беше изнесен од теренот, а според новинарите, францускиот репрезентативец викал од силните болки кога од стадионот го носеле в болница. Тој добил доза на морфиум и кислород за да му биде намалена болката.