Top Sport

Повреден е за ПСЖ, ама игра за Аргентина!

Аргентина го совлада Уругвај со 1-0, голот на одлука го постигна Анхел ди Марија. Сепак, на изненадување на многумина, на мечот настапи Лионел Меси.

Асот на ПСЖ не настапува за „Светците“ поради повреда, ама ноќеска одигра нешто повеќе од 15 минути за „Гаучосите“.
Доколку не ја гледавте средбата – Меси за тие 15-тина минути не покажа премногу на зелениот терен.

Засега не е познато дали Меси е потполно фит за настап, но се добива впечатокот дека претходните пропуштени мечеви за ПСЖ добро му дојдоа за да се подготви за настап за националниот тим.

Scroll to Top