ПСЖ, во саботата, без повредените Лионел Меси и Леандро Паредс, го победи Бордо со 3:2. Веднаш по завршувањето на натпреварот, Меси и Паредес, отпатуваа за Аргентина на собирот на националниот тим, што предизвика бес и лутина кај спортскиот директор Леонардо.
Меси и Паредес ќе минат неколку илјади километри, а веројатно нема да настапат за Аргентина против Уругвај и Бразил.
„Нема логика. Ваквите работи мора да ги дефинира ФИФА. Ние не се согласуваме да пуштиме играч кој не е физички подготвен или се наоѓа во процес на рехабилитација. Паредес еден месец не играше, требаше да остане во клупскиот камп“, ја пренесува изјавата на Леонардо „Паризијен“.
Аргентина ќе игра на 13.ноември со Уругвај, а четири дена подоцна со Бразил.