Top Sport

Повторно срушена статуата на Меси

Статуата на најдобриот фудбалер на Барселона и еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Лионел Меси, вторпат од почетокот на годината е цел на вандалите.

Аргентинските власти ја поставија статуата на Меси на плоштадот „Пасео дела гронија“ во Буенос Аирес во редот со другите спортски легенди на Аргентина, како: Габриела Сабатини, Гилермо Виљас, Ману Џинобили и Хуан Мануел Фанџо.

На почетокот на годината, во јануари, неколку месеци по поставувањето, статуата беше скршена.

Полицијата во Буенос Аирес трага по виновниците на овој инцидент.

Scroll to Top