Top Sport

Позајмицата на Лукаку во Рома ќе се случи само ако тој драстично ја намали својата плата

Договорот за позајмица на Ромелу Лукаку од Челси до Рома е пред комплетирање, но ќе биде реализиран само ако белгиската ѕвезда се согласи на намалување на неговата плата, тврдат британски извори.

И Челси и Рома му пратиле идентична порака на Лукаку, дека мора да се согласи на драстичн намлување на платата – таа е превисока за Рома, а Челси нема намера да плаќа дел од неа. Сега, одлуката е само кај Лукаку, тврди „Ивнинг стандард“.

И покрај тоа што неговото враќање во Челси е катастрофално, Белгиецот останува најплатениот на „Стемфорд Бриџ“, а Рома останува последната шанса за трансфер, откако прв Интер се повлече од преговорите, а потоа Челси не успеаја да се договорат со Јувентус.

Scroll to Top