Top Sport

Позитивниот тест во Венеција им создаде проблеми на Италијанците

Италијанскиот второлигаш Венеција потврди дека нивниот фудбалер Џан Филипо Феличоли е позитивен на КОВИД-19, поставувајќи „трка“ со времето за италијанската влада да го смени медицинскиот протоколо за поставувањето на фудбалерите во карантин.

Бидејќи италијанската влада уште не го одобри променетиот протокол за ракување со позитивни тестови, Феличоли треба да оди на 14-дневен карантин заедно со целиот тим, со што клубот нема да може да ги игра мечевите од Серија Б против Порденоне на 20 јуни и Асколи на 26 јули.

Иако италијанската влада ги прифати аргументите на клубовите, уште не е сменет законот поради бирократски причини и сега се „брза“ за да не се закани рестартот на Серија Б.

 

Scroll to Top