Top Sport

Познат дресот на Јуве за 2020, конечно, се враќа „зебрата“!

Според последните „истечени“ фотографии на новиот дрес на Јувентус за сезоната 2020/21, „зебрата“ повторно се враќа по овогодишниот котнроверзен дизајн.

Сајтот „Footyheadlines.com“, кој се специјализира со објавување на дизајните на дресовите на сите славни клубови, објави фотографии од новиот дизајн на „Адидас“, кој е навистина фантастичен и претставува враќање на „стариот“ дизајн откако оваа година тимот игра со помалку чудните „пола-пола“ дресови.

Ова во Италија предизвика контроверзи кај поконзервативните навивачи на „бјанконерите“, кои сметаа дека тимот се откажува од своето наследство. Покрај линиите на „Адидас“, како и дресот на „старата дама“, шорцевите и чорапите се бели и златни, наместо традиционалните бели и црни.

Фановите на Јуве бесни, ги нема веќе „црно-белите“ ленти на дресовите (видео)

Scroll to Top