Реномираниот „Франс фудбал“ ги објави првите пет од вкупно 30 имиња на фудбалери што ќе влезат во конкуренција за престижната фудбалска награда „Златна топка“. Оваа награда му се доделува на најдобриот фудбалер за остварувањата во тековната година.
За потсетување, оваа награда нема никаква врска со нагрaдата што ја доделува ФИФА. Светската фудбалска организација неодамна го прогласи Лука Модриќ за играч на годината.
Според многумина, наградата на „Франс фудбал“ има поголема тежина, бидејќи од првото доделување во 1956 година „Златната топка“ ја освојувале речиси сите големи светски асови.
Французите во текот на денот ќе откриваат по пет имиња што влегуваат во конкуренција за наградата. Првите десет се: Серхио Агуеро (Манчестер сити/Аргентина), Алисон Бекер (Ливерпул/Бразил), Герет Бејл (Реал Марид/Велс), Карим Бензема (Реал Мадрид/Франција), Единсон Кавани (ПСЖ/Уругвај), Кристијано Роналдо (Јувентус/Португалија), Тибо Куртоа (Реал Мадрид/Белгија), Кевин Де Брујне (Манчестер сити/Белгија), Роберто Фирмино (Ливерпул/Бразил) и Диего Годин (Атлетико Мадрид/Уругвај).