УЕФА вчера, го информираше Фудбалскиот сојуз на Србија, дека под истрага се два натпревари одиграни во првата лига. На овие два натпревари имало големи уплати во обложувалниците во Азија.
Претседателот на синдикатот на фудбалерите, Мирко Поледица, за српските медиуми, открил кои натпревари ги истражува УЕФА.
Железничар и Борац играа на почетокот на минатиот месец. Натпреварот заврши со победа на Борац 1:0. Единствениот гол е постигнат од пенал.
Вториот натпревар е Трајал-Јагодина. Натпреварот одигран на 25.март заврши со победа на Трајал 3:0.