Поранешниот тренер на Рома, Чезаре Прандели влезе во остар напад на поранешниот клуб, велејќи дека во сегашниот состав „недостасува душа“ по уште едно лето во кое се продаваа фудбалери.
Поранешниот италијански селектор стана тренер на „волчицата“ во 2004 година, но не беше одговорен на ниту еден натпревар, бидејќи мораше да замине за да се грижи за својата болна сопруга.
„Тие се сменија многу, мислам дека сега им недостасува душа. Раџа Наинголан и Кевин Стротман можеби имаа физички недостатоци, но затоа имаа вистински карактер. Мораат да се соземат бргу бидејќи Рома секогаш е возбудлив клуб, но тежок за водење. Сега фудбалерите мораат да го кренат нивото. Еузебио ди Франческо лани беше фален во цела Италија бидејќи ги однесе далеку во Лигата на шампионите со убав и балансиран фудбал. Сега, неколку месеци подоцна, работите не функционираат“, вели Прандели.