Францускиот пратеник Жордан Бардела бара фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Преснел Кимпембе да биде исфрлен од француската репрезентација поради тоа што ја лајкувал објавата на Хабиб Нурмагомедов во која го критикуваше претседателот Емануел Макрон.
Бардела, потпретседател на партијата на Марин Ле Пен, го обвинува членот на шампионската генерација од 2018 дека поддржува џихадизам и дека сака да ги прави луѓето „будали“ откако Кимпембе се правдаше дека не знаел што пишува на руски на постот на Хабиб.
„Не треба да има француска репрезентација на Кимпембе кој поддржува џихадизам на Инстаграм, кој не сака да ја преземе одговорноста и кој не прави будали. Доста сте наивни“, напиша Бардела.
Pas d’Équipe de France pour @kimpembe_3, celui qui like le djihadisme sur Instagram, qui n’assume pas et nous prend en plus pour des imbéciles.
Plus aucune naïveté, ne laissons plus RIEN passer !
— Jordan Bardella (@J_Bardella) October 31, 2020