Интер нема да може да ги засили редовите во јануарскиот преоден рок иако тренерот Лучано Спалети бара да му бидат донесени нови играчи.
Финансискиот ферплеј на УЕФА е пречката поради која Интер не може да биде активен на пазарот оваа зима.
Имено, најмногу 60 отсто од годишниот буџет може да биде искористен за платите на фудбалерите. Поради тоа нереални се трасферите на Хавиер Пасторе или Хенрик Мхитаријан.
Интер и да успее да го позајми Пасторе со право на откуп на договорот во летниот преоден, платата е преставува проблем, бидејќи годишната бруто плата на Аргентинецот изнесува 14 милиони евра. Слична е ситуацијата и со Мхитаријан кој има поголеми примања од Пасторе. Бруто платат на Ерменецот е 18 милиони евра.
Финансискиот ферплеј е што кинескиот прволигаш Џангсу не може да му го позајми на Интер Бразилецот Рамирез. Интер и Џангсу имаат исти сопственици, а УЕФА нема да дозволи Бразилецот да игра за Интер, а да биде на платниот список на Џангсу.
Тренерот Спалети од клубот побара во зимскиот преоден рок по едно засилување во центарлниот дел на одбраната и во средениот ред.
Доколку сака да ги исполни желбите на тренерот Интер ќе мора да продава, во случајот Жоао Марио или Марсело Брозовиќ.
За Жоао Мариопостои некаков интерес кај Мначестр јунајтед и ПСЖ но цената која бара Интер е превисока. ист е случајот со Брозовиќ, во летниот преоден рок Јувентус нудеше 30 милиони евра, а според познавачите сега Интер нема да може да добие повеќе од 25 милиони евра за Хрватот.